Спасов: Ги зајакнуваме капацитетите во борбата против дескриминацијата

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во Охрид ја отвори работилницата  „Зајакнување на капацитетите на Министерството за труд и социјална политика во спроведување на политиките и програмите за еднакви можности и недискриминација“.

Денеска министерот Спасов потенцираше дека постои и потреба за зголемување на одговорноста на институциите и вработените коишто работат на превенцијата и заштитата на човековите права и слободи.

-Искуството ни покажува дека, покрај потребата за јасно и транспарентно објаснување на мерките и политиките, потребно ни е обезбедување на социјална кохезија, односно целосно и ефективно учество на сите субјекти на централно и локално ниво, рече министерот за труд и социјална политика.

Министерот Спасов се осврна на  досегашната имплементација на проектот.

-Од мај 2012 година до денес во рамки на овој проект, спроведена е 5-дневна обука за обучувачи од страна на Британски експерт. Во соработка со  Британскиот совет изработен е и Водичот за спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација. Тој е практична алатка наменета за стручната јавност за идентификување на случаите на дискриминација по различни основи и делување во случаи на дискриминација, како и за засегнатите страни коишто имаат потреба од заштита и од остварување на правото на еднаквост и на недискриминација. Водичот се користи како дополнителна алатка во спроведувањето на обуките на 600 лица на државни и јавни службеници, на судската администрација, на социјалните партнери и на граѓанските организации за идентификување и за делување  во случаи на дискриминација, информираше министерот Спасов.

-Продолжуваме и понатаму во насока на нашата заложбата за континуирано зајакнување на капацитетите на Министерството за труд и социјална политика во спроведување на политиките и програмите за еднакви можности и недискриминација, се разбира со поддршка и од нашите пријатели од Велика Британија, заврши министерот Спасов.

 

23.09.2013 - 11:33
Фото: 
Пулс24

најчитано сега