Ново откритие: Тетоважите можат да предизвикаат рак

Според новите откритија на научниците токсикни од мастило за тетовирање можат да се апсорбираат во телото и да предизвикаат рак.

Тие сметаат дека наночестичките од мастило можат да влезат во крвотекот и да се акумулираат во слезината и бубрезите и да ја нарушат способноста на телото за филтрирање нечистотии. Студиите открија дека некои бои кои се користат за тетовирање содржат познати концерогени материи и научниците апелираат на подобро регулирање во оваа област.

Наводно одредени видови мастило содржат супстанци како што се кобалт и жива, а кои секако, се многу опасни. Десмонд Тобин, директор на институтот при Универзитетот Бредфорд во Велика Британија истакнува дека истражувањата покажеле сосема доволно, а тоа е дека наведените супстанци се отровни и штетни по човечкото здравје.

„Некои бои се продаваат со малку или без никакви пратечки податоци за производот, така што нивниот состав останува енигма за луѓето кои ги користат“, рече тој.

 

Истражување во Данска покажало дека канцерогени хемикалии се пронајдени во 13 од 21 примерок мастило кои најчесто се користат за тетовирање во Европа. Со тоа експертите освен што предупредуваат на овој факт, апелираат и на воведување построги прописи во оваа област.

23.09.2013 - 11:51