Најроби: Терористите на Ал Шабаб се заканија со Ликвидација на заложниците

Денеска, од Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб се заканија дека нејзините борци ќе ги убијат заложниците кои ги држат во трговскиот центар „Вестгејт мол“ во кенискиот главен град Најроби. На муџахедините во зградата им одобривме да дејствуваат врз заложниците, се наведува во соопштението на групата објавено на една исламистичка интернет страница. Ал Шабаб тврди дека е во контакт со своите припадници, кои се забарикадирани во „Вестгејт мол“ и држат засега неутврден број заложници.

Утринава Кениските безбедносни сили презедоа нов напад врз исламистите во „Вестгејт мол“, од каде се слушаше интензивна престрелка во траење од 15 минути, а потоа одекнаа и три експлозии. Во текот на ноќта кениската армија соопшти дека ги изолирала напаѓачите, кои се уште држат не повеќе од 10 заложници. Според најновите податоци на кенискиот Црвен крст, од почетокот на нападот врз шопинг центарот во саботата загинале најмалку 68 лица.

Меѓу жртвите се роднина на кенискиот претседател Ухуру Кенијата и на неговата вереница, кенискиот поет и дипломат Кофи Авнор, Рухила Адатија-Суд која е сопруга на американски дипломат и популарен телевизиски и радиоводител во Кенија, најмалку тројца Британци, две Французинки, двајца Канаѓани, вклучувајќи и еден дипломат, Холанѓанка, Кинеска, двајца Индијци, меѓу кои и осумгодишно девојче, Јужноафриканец, Новозеланѓанец и Австралиец, кој имал и британско државјанство.  Од Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб соопштуваат дека овој напад претставува одмазда за кениската воена интервенција во Сомалија.

23.09.2013 - 11:04

најчитано сега