Балотели за првпат промаши пенал!

Вчера играчот на Милан Марио Балотели, првпат во својата кариера утна пенал во поразот од 2:1 на неговиот тим против Наполи. Во 61.минута ударот од 11 метри на напаѓачот на Милан го одбрани гостинскиот голман Пепе Реина.

До сега Балотели има изведено 26 пенали без ниедно промашување, исто така  и на репрезентативен план  од четири пенали - четири реализира.

Сепак „Супер Марио“ се запиша во листата на стрелците во судиското надополнување кога намали за конечни 2:1 за Наполи.

23.09.2013 - 11:01

најчитано сега