Нови штрајкови ја тресат Грција

Од денеска во Грција започнува нови штрајкови, кои ќе ги опфатат државниот сектор, образованието, општинската админстрација и осигурителните компании.

По повик на својот синдикат, вработените во локалната самоуправа денеска ќе започнат 48-часовен штрајк против отказите и прераспоредувањето на службениците во државниот сектор, согласно мерките наметнати од меѓународните кредитори на Грција.

Државните службеници утре и в среда ќе штрајкуваат против намалувањето на бројот на работните места, а се очекува да им се приклучат и вработените во приватниот сектор. Од денес  48 часовен штрајк ќе започнат и вработените во осигурителните компании, како и професорите од средните училишта.

23.09.2013 - 09:46

најчитано сега