Дејан Миличевиќ си ја отвори душата помозочниот удар - му се случил уште еден лош настан

 

Познатиот режисер Дејан Миличевиќ неодамна ги загрижи своите најблиски, пријателите, соработниците со фотографија од болничката соба од одделението за мозочни удари, кога доживеа мозочен удар.

-Тоа утро најнормално станав од кревет, појадував и почнав со работните задачи. Кога дојде време за ручек, како и обично тргнав кај мајка ми која живее во близина. На пат нанаму одеднаш застанав и не знаев каде се наоѓам. Го земав телефонот и го повикав мојот монтажер,и му кажав дека не знам каде се наоѓам и не знам каде треба да одам. Му беше јасно дека нешто не е во ред, но ми објасни каде да одам, што и направив. Свесно дојдов до станот на мајка ми, заѕвонив, влегов, седнав на софата и реков: „Помогни ми, јас на ништо не се сеќавам“ Не успеав да и објаснам што се случува, се сеќава Дејан, пренесе Вистина.

-Повика брза помош, со оглед на тоа дека нормално се движев и разговарав, ме упатија кон Ургентен центар, ја продолжува приказната додавајќи дека другиот ден почнал да доаѓа на себе, а според неговите зборови дури тогаш следела агонијата бидејќи не можел да се сети на претходните 12 часа.

-Најголемиот стрес за мене беше кога мајка ми ме гледаше во болничката постела и се нервираше. Таа ме одгледа и се грижеше за мене кога татко ми на свои 20 месеци ме напушти. Сама ми беше и мајка и татко. Се бореше како лавица. Не сакам никогаш да пати поради мене и тоа беше дополнителен мотив да станам на нозе и да се опоравам. Мојата мисија е да ја штитам нјзе, а не таа да се грижи за мене, завршува Миличевиќ.

 

 

 

06.11.2018 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега