Барем да и го чуевме гласот - родителите на исчезнатата Викторија живеат во агонија
Родителите на исчезнатото девојче Викторија живеат во агонија. Веќе четри дена нема ни трага ни глас од 15-годишната Викторија Настевска од село Суводол, Демирхисарско, која е исчезната во петокот, а нејзините родители бараат помош како од полицијата така и од сите кои ја познаваат, се со цел да се пронајде девојчето.
- “Барем гласот да и го чуевме, но и тоа не можеме бидејќи Вики дента намерно или не својот телефон го оставила дома”, вели таткото за Вечер.
Деноноќно се во потрага по неа. И тие се обратиле секаде и разговрале со сите оние кои ја познавале Викторија, но не добиле сознанија каде би можела да биде.
Последен пат таа е видена во петокот околу 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола, каде што учи и од тој моменти се губи секаква трага.
Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на 078 425 497 или 075 410 664.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа