ВИДЕО: Има 8 години а изгледа како бебе - ова е девојчето кое не старее

Габи Вилијам има лице и кожа како бебе,и е беспомошна и зависна од својата мајка која ја храни, облекува и ја успива како и првиот ден кога се родила.

Ова девојче има 8 години, а тежи само 5 килограми. Таа и уште само неколку луѓе на светот боледуваат од мистериозна болест која го успорува стареењето.

Последните две години медицинскиот генетски истражувач, д-р Ричард Вокер, го проучува ова девојче  и уште два слични случаји на 29-годишен човек од Флорида кој има тело на дете од 10 години и 35-годишна жена од Бразил која личи на две годишно бебе затоа што не стареат.

Тој ги истражува причините за нестареењето, а не последиците од тој процес, иако објаснил дека овие луѓе живеат со многу други медицински проблеми како што се проблемите со слухот, неспособност за одење и хранење и друго.

Таа за овие години воопшто не се променила, само малку пораснала и сега носи облека како за бебе од 6 месеци.- изјавила мајката на Габи.

23.09.2013 - 09:36

најчитано сега