Воени претставници на 29-те земји членки на НАТО во прва посета на АРМ
Високи воени претставници на 29 – те земји членки на Воениот комитет на НАТО, предводени од заменик претседавачот генерал-потполковник Стивен Шепро, денеска и утре првпат ќе престојуваат во посета на Армијата на Република Македонија.
За време на посетата, од страна на домаќинот началникот на ГШ на АРМ генерал-мајот Васко Ѓурчиновски, а по покана од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претставниците на Воениот комитет на НАТО, ќе бидат запознати со постигнувањата, подготвеноста и идните планови на Република Македонија – АРМ за полноправно членство во Алијансата.
Во касарната „Илинден“ во Скопје планирана е и вежба за демонстрација на оперативните способности опремата и техниката на дел од декларираните единици од Здружената оперативна команда.
Воениот комитет е највисоко воено консултативно тело на НАТО, формирано неколку месеци по формирањето на Алијансата, а го сочинуваат началниците на Генералштабовите на Армите на земјите – членки на НАТО. Воениот комитет на ниво на началници се состанува три пати годишно, додека воените претставници на НАТО земјите најмалку еднаш седмично. Има три функции и тоа советодавна за Северноатлантскиот совет, потоа конекција односно даваат политика и стратегија на двете стратегиски команди на НАТО, а тоа се командите на НАТО за трансформација и за операции. Третата функција, пак, е преведување на дипломатскиот јазик, односно насоките од Северноатлантскиот совет од политиката на воен јазик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа