Повик за мирен протест за поддршка на Никола Груевски во среда
Преку Фејсбук група за поддршка на поранешниот премиер Никола Груевски, се повикува членството на ВМРО-ДПМНЕ, симпатизерите и сите граѓани, во среда во 19 часот да излезат на мирен протест пред Основниот суд Скопје 1.
„Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски. За таа цел се повикуваат сите граѓани на Република Македонија на ден 07.11.2018 година (среда) со почеток во 19 часот на МИРЕН ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ЗА ПРАВДА ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ пред зградата на Основниот суд Скопје 1! Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!“ се наведува во повикот на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа