Филе и Нимиц денеска ќе расправаат за спорот со името

 

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, денеска ќе оствари средба со посредникот на ОН за спорот за името Метју Нимиц.

Филе и Нимиц ќе се сретнат на помалку од еден месец пред ЕК да го објави најновиот прогрес-извештај за напредокот на земјава во евроинтеграциите. , Филе се среќава со Нимиц за да се увери дали навистина спорот со името е дотолку заглавен. 

Од Комисијата не сакаат да информирааат дали Филе и НИмиц ќе разговараат за можен нов предлог за решавање на спорот за името, но јасно е дека намерата на Филе е да ја испита состојбата со цел да знае дали на 16-ти октомври, како и лани да предожи нешто слично во однос на тоа Македонија да ги почне преговорите за членство со решавање на наметнатиот спор од Грција во раната фаза од преговорите.

При неодманешната посета на Скопје, Нимиц откри дека Грците не отстапуваат од тврдите позиции за име за севкупна употреба за Република Македонија (со промена и на Уставот) и да не се впишат македонскиот народ и јазик како државни на земјата. 

 

23.09.2013 - 08:59

најчитано сега