Останал згмечен на оградата од дворот - огромен бик уби тетовчанец

73 годишниот тетовчанец Џ.И. го загубил животот, откако бик налетал врз него и го набил во ѕидот од дворот на нивната семејна куќа во Ново Село, пишува МИА. Трагедијата се случила вчера попладне додека старецот се обидувал да го врзе бикот.

Семејството и соседите веднаш му укажале помош на Џ.И., но, тој починал на пат кон тетовската болница.

Полицијата веднаш се упатила на местото на настанот за да изврши увид.

 

23.09.2013 - 08:51

најчитано сега