Последен пат ја виделе пред училиште - да помогнеме да се најде малата Викторија

15-годишната Викторија Настевска од село Суводол, демирхисарско е исчезната, а нејзините родители бараат помош за да се пронајде. Последен пат е видена во 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи и од тој момент и се губи секаква трага.
Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на 078 425 497 или 075 310 664 .
Инаку, случајот вчера во 17:25 часот е пријавен во Полициската станица во Демир Хисар, а е објавено во денешниот билтен на МВР.
С.Н.(36) од село Суводол пријавил дека нејзината 15-годишна ќерка излегла истиот ден и не се вратила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
04.11.2018 - 09:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа