Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ за многу бргу ќе биде победничка партија
Вистинскиот политички противник на ВМРО-ДПМНЕ е СДСМ, порачува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Државата оди во амбис. Економијата пропаѓа, земјоделието е упропастено, нема ниту еден нов проект. Имаме економски и политички егзодус и на тоа мораме да му ставиме крај, а кој друг ако не ние. ВМРО-ДПМНЕ за многу бргу ќе биде победничка партија, само обединети и сложни ќе тргнеме кон нови победи. Претседателот има полна доверба од сите нас но и од граѓаните. Ние мора да ги прифаќаме и критиките што се насочуваат кон сите нас од партијата бидејќи некогаш тие критики се добронамерни и доаѓаат од луѓе што го сакаат ВМРО и Македонија, а од друга страна тие критики треба да не направат посилни и помудри. Мора да ги отвораме вратите за сите луѓе, секое зрно тежи во амбарот и сите ние мораме да се вложиме повеќе и заедно обединети да победуваме. Постојано и постојано треба да се говори за ВМРО, но никако не смее да се спомне за тоа што власта нема ниту еден капитален проект, постојано треба да се зборува и прогонува ВМРО но никако не треба да се зборува за уставните амандмани и промената на Уставот, постојано треба да се зборува за фабрикуваните и политичките процеси кон почесниот претседател, поранешни раководни лица, граѓани и патриоти само не смее да се зборува дека се менува името на нашата татковина Република Македонија. Угнетувањето спрема ВМРО трае со години и продолжува само за една цел а тоа веќе му е на секој повеќе од јасно што е целта, но ние мораме сите да зборуваме за реалните теми и да ја критикуваме сите заедно оваа власт за да ја натераме барем нешто да работи во полза на македонскиот народ, порача Мисајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа