Полиција кај Дарко Лазиќ: На пејачот му е поставено само едно прашање

 

Откако полицијата доби информација дека пејачот Дарко Лазиќ се разбудил од кома таа веднаш се упатила кон болницата во Земун како би земале изјава од пејачот за сообраќајната несреќа која се случи на 23 октомври.

Како што пишува српски „Ало“ полицијата прво се упатила во одделот за интензивна нега од каде лекарите ја однела во неговата соба, меѓутоа лекарите на полицијата им дозволи да се задржи само две минути поради неговата здравствена состојба.

-Сообраќајната полиција беше по службена должност во посета на Дарко и таа знаеше дека пејачот се уште е во животно загрозувачка состојба без оглед на тоа што тој е разбуден од вештачката кома, па затоа тие не сакаа многу да го оптоваруваат. Единственото прашање кое му го поставија на пејачот беше дали се сеќава на несреќата, но неговиот одговор не ја задоволи полицијата- тој рече дека на несреќата се сеќава само како низ магла, вели изворот за српски „Ало“.

Инаку кога Дарко ќе се опорави најверојатно го чека голема парична казна поради загрозување на општата безбедност во сообраќајот, возење во алкохолизирана состојба, без појас како и без возачка дозвола.

 

 

 

02.11.2018 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега