Лекарите предвидуваат: Лазиќ останува инвалид

 

Ѕвездата на Гранд, Дарко Лазиќ се опоравува од тешката сообраќајна несреќа, која ја доживеа пред недела дена. Тој имал голема среќа што останал жив, но лекарите не биле оптимистични.

Поради сите повреди со кои се здобил, закрепнувањето ќе трае со години, а лекарите стравуваат дека пејачот ќе остане инвалид засекогаш.

Лекари за „српски Курир“ изјавиле дека со такви повреди, големи биле шансите пациентот да остане со трајни последици.

Тој со возило „БМВ“, изгубил контрола, слетал од патот и се превртел на кров. Возел со брзина поголема од 150 километри на час и имал 1,39 промили алкохол во крвта.

Лазиќ победи на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ во 2009 година.

 

 

 

02.11.2018 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега