Собирач на пластични шишиња пронајде мртво бебе во контејнер

Мртво бебе попладнево околу 16 часот било пронајдено во контејннер на прометна улица во Суботица, Србија. Како што јавуваат српските медиуми, бебето било туку што родено. Замотано во крпа го пронашол собирач на пластични шишиња. Веднаш била повикана полиција. Телото на бебето е предадено на обдукција. Полицијата трага по несовесните родители.

22.09.2013 - 23:43

најчитано сега