СДСМ: Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја има истата криминална матрица на Груевски

Спрегата помеѓу криминалите на Никола Груевски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антинародниот пион Христијан Хидро Мицкоски излегоа на виделина, соопшти СДСМ.

Се докажува дека антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски ја имаат истата криминална матрица на нивниот ментор Груевски, затоа се против НАТО и ЕУ,,Пионот Мицкоски, преку неговата „Енерготек ДОО Скопје“ добил согласност за користење вода и државно земјиште за изградба на хидроцентрали од Владата на Груевски.

Во шемите преку оваа компанија е вклучен и Димитар Димовски, актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и десна рака на некогашниот министер за транпорт и врски Миле Јанакиески.

Димитар Димовски поседува земјиште во Берово од над 14 илјади квадратни метри, а негов прв сосед е токму Миле Јаниакиески кој има парцела од над 16 илјади квадратни метри.
Двете парцели, од вкупно над 30 илјади квадратни метри порано биле сопственот на Република Македонија”, соопшти партијата.

Според нив, молкот од ВМРО-ДПМНЕ не може да ги сокрие врските на актуелното антизападно раководство предводено од Хидро Мицкоски со Никола Груевски и неговиот соработник Јанакиески. ,,Се докажува дека актуелното антизападно раководство ја има истата криминална матрица на Груевски. Во ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени и затоа тоа отворено работи против интеграција во ЕУ и НАТО”, се додава во соопштението.

 

 

 

01.11.2018 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега