Голем хороскоп за ноември - еден знак го очекува драстична животна промена
Близнаците имаат сјајна шанса за подобра работа или унапредување, слободните Девици ќе ја запознаат својата сродна душа.
Прочитајте го хороскопот за претпоследниот месец од годината.
Овен
Марс, вашиот владетел го продолжува своето ретроградно движење во Бик, а вашите планови врзани за парите и кариерата се одвиваат бавно. Можеби е проблем во тоа што ви недостасува вообичаена енергија. Во текот на наредните недели, вашите надредени ќе ги препознаат напорите кои ги вложувате и можно е да ви биде понудено подобро работно место.
На полето на љубовта, во текот на ноември ќе привлекувате многу луѓе во својот живот и работите ќе ви одат од рака. Ако сте сами, сега е време тоа да се промени, а ако сте во долга врска, време е за проширување на семејството или брак.
Здравјето е одлично, но внимавајте на настинките.
Бик
Марс се движи ретроградно во вашиот знак, па нема да бидете мирни додека не почне неговото движење во директен од. Штом тоа се случи, ќе можете и да одморите и да направите пауза од работата, но и добро да размислите за промените кои сакате да ги направите.
Ноември е поволен месец за почнување нова врска, која може по некое време да прерасне со брак.
Можни се проблеми со кардиоваскуларниот систем.
Близнаци
Младиот месец во ноември ви носи многу новини – нова работа или нова подобра функција во истата компанија. Невработените во текот на ноември ќе имаат сјајни шанси да најдат работа каква што посакуваат.
Марс, владетелот на вашиот знак останува на полето на љубовта и семејството, што значи дека ќе постојат можности за отворен разговор за потиснатите проблеми, што ќе донесе до подобро разбирање со луѓето околу вас.
Кога станува збор за здравјето, доволно ќе биде да пешачите околу 30 минути дневно и нема да имате проблеми.
Рак
Полето на кариера ви носи остварување на личните цели и реализација на идеите кои одамна ви стојат во глава.
Кога станува збор за врските, Венера ќе биде во една од најдобрите позиции. Тоа е време кога можете да постигнете хармоничен однос со саканата личност, но и со било која личност со која ќе стапите во контакт.
Здравјето ќе биде одлично во текот на овој месец.
Лав
Со ретроградното движење на Марс во вашето поле на кариера, работите ќе одат малку потешко, а резултатите едвај ќе бидат видливи. Бидете трпеливи, тоа ќе пројде, а потоа ќе блеснете и сиот труд ќе се исплати на долг рок.
Ве очекува позитивна љубовна атмосфера, а можна е и принова, односно бременост.
Во текот на овој месец, бидете особено внимателни околу здравјето.
Девица
На полето на кариерата се отвора можност за долгоочекуваните промени. Можни се и одложувања и проблеми, но успехот е ваш на крајот на месецот.
Меркур во текот на целиот месец ќе биде во вашето поле на семејството и љубовта, давајќи ви можност за драгоцени и отворени разговори со оние со кои го делите домот и ви овозможува да дојдете до подобрени односи. За вас, односот со оние кои значат е најважен, а ноември е месец за тоа. Слободните претставници на овој знак можно е да ја запознаат својата сродна душа во текот на ноември.
На полето на здравјето, можни се уринарни инфекции.
Вага
Ретроградното движење на Марс ве поттикнува со сета сила да се борите за она што сметате дека сте го заслужиле. Сепак, оставете го решавањето на големите проблеми и конфликти за следниот месец. Ноември носи и можност за зголемување на приходите.
Љубовта нема да ви биде силна страна, осамени сте.
Овој месец треба поважно да размислувате за здравјето. Хранете се поздраво.
Шкорпија
Со Јупитер во вашиот знак влегувате во една сосема нова фаза на личен развој која може да влијае позитивно и на професионалниот развој. Тимската работа нема да ви оди од рака и ќе треба да бидете особено внимателни во односите со колегите.
Време е за учење и стекнување нови искуства, а младиот месец на почетокот на ноември ве охрабрува да свртите нов лист кога станува збор за љубовта.
Внимавајте на здравјето.
Стрелец
Поради ретроградното движење на Марс присилени сте да ја трпите тензијата на работното место. Иако мислите дека моменталните проблеми никогаш нема да бидат решени, сепак крајот на месецот носи нивно подобрување.
Во љубовта, потрудете се да ги избегнете недоразбирањата, особено во средина на месецот. Првата половина на месецот може да ви помине во кавги, но вториот дел би било добро да го искористите за патување со партнерот. Ако сте сами, овој месец ви носи убаво познанство, за кое постои добра можност да премине во врска.
Внимавајте на имунитетот.
Јарец
На почетокот на месецот, Венера влегува во вашиот знак што ќе ве направи потопли од вообичаено. Ќе имате потреба да се поврзете со колегите, и ќе бидете спремни за компромис
За оние кои се во врска, ќе сакаат да направат голем чекор. А, оние кои се слободни ќе се водат од своите идеали и ќе бидат интересни за разговор за спротивниот пол.
Здравјето е одлично, можна е само мала настинка.
Водолија
Ретроградниот Марс во Бик ги става вашите планови за работа на чекање, но крајот на месецот ќе ја намали тензијата. Луѓето ќе ве гледаат со други очи, што ќе ви помогне да ги остварите своите професионални цели.
Во љубовта, не ве очекуваат големи промени.
Здравјето не треба да го ставате на последно место, треба да сте повнимателни.
Риби
Младиот месец на почетокот на месецот ви носи проширување на професионалните видици, што би можело да се рефлектира преку професионални патувања, учење нов јазик и дополнително образование.
Крајот на месецот ви носи убави љубовни моменти и нови почетоци. Ќе сакате да расчистите со старите љубови и проблематични односи и во својот живот да ги пуштите само добрите луѓе и идеи.
Нема да имате проблеми со здравјето во текот на овој месец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа