Внимавајте при избор на партнерот - овој хороскопски знак најмногу изневерува

 

Истражување кое било спроведено на една интернет страница за запознавање на партнери открило кој хороскопски знаци најчесто се впуштаат во неверство.

Судејќи според резултатите на наведеното истражување, апсолутен шампион во неверството е Стрелецот.

Многумина се изненадени од овие резултати бидејќи овој хороскопски знак е на глас з амногу лојален и верен.

Истражувањето покажало дека Стрелецот не изневерува поради побуда, туку исклучително ако е во лоша врска која не го прави среќен.

Интересно е дека страствените Шкорпии според резултатите се на последното место на листата неверници.

Зошто Стрелецот изневерува?

По природа е многу лојален и често тој е оној хороскопски знак кој е изневерен, но кога ќе почувствува дека нема доволно почитување и дека е целосно запоставен во врската, од лутина размислува за тоа дали постои некој за него подобар. Со тоа си ги отвора вратите за неверство.

Како да препознаете дека Стрелецот изневерува?

Вообичаено е многу смирен и подготвен за конструктивна расправа, но по неверството кај овој знак може да забележите засилен интерес за кавги и расправии кои не водат никаде. На тој начин ја манифестира својата грижа на совест која ја чувствува поради неверството.

 

 

 

31.10.2018 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега