Алијансата на Албанците: СДСМ и ДУИ си избраа партиски судии

Алијансата за Албанците денеска реагира на, како што наведуваат, вчерашниот избор на „партиски судии од страна на Републичкиот судски совет, кој е трансформиран во гласачка машинерија со избирање на кандидати кои се делегираат од партиските седишта на СДСМ и ДУИ“.

Тие реагираат на тоа што Субхи Јакупи, кој е поранешен член на Државната изборна комисија од ДУИ, е избран за виш судија на Управниот суд.

„Каква правда ќе им делат на граѓаните партиски судии од видот на Сухби Јакупи, поранешен член на ДИК, делегиран од страна на ДУИ или од Џелал Бајрами, виш републички обвинител, поранешен заменик министер од ДУИ во Министерството за внатрешни работи, или некој друг, а кои се на важни позиции, каде што се дели правда, а доаѓа преку непотизам“, се наведува во соопштението на Алијансата за Албанците.

Тие обвинуваат дека судиите и претседателите на судовите порано се избирале во партиските седишта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а сега во седиштата на СДСМ и ДУИ. Според нив, тоа сериозно ги поткопува евроинтеграциските процеси.

 

 

 

 

31.10.2018 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега