Исчезнаа две малолетни девојчиња од Скопје
Во полициска станица во Скопје поднесени се пријави за исчезнување на две малолетни девојчиња.
Синоќа 01:00 часот по полноќ во Полициската станица Карпош, воспитувач во Домот „25-ти Мај“ пријавил дека на 29.10.2018 година од домот во непознат правец се оддалечила нивна 16-годишна штитеничка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Вчера во 20:00 часот во Полициската станица Чаир, 44-годишнатра А.А. пријавила дека на 26.10.2018 година од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 16 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
30.10.2018 - 15:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа