Спорот за името главна тема на средбата Бан - Венизелос
Во Њујорк предмалку заврши средбата на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун со грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, кој ја предводи грчката делегација на годинашното Генерално Собрание на Обединетите нации, јавува МИА
Според кусото соопштение од кабинетот на Бан, спорот за името бил водечка тема на разговорите.
- Соговорниците разменија мислења за перспективите за решавање на спорот за името меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија, вклучително и исходите од неодамнешната посета на личниот пратеник на генералниот секретар, Метју Нимиц, пишува во соопштението.
Се додава дека тема на разговор било и очекуваното продолжување на разговорите за статусот на Кипар наесен, како и состојбата во Сирија.
Засега не е најавено дали во Њујорк ќе има средба меѓу претставници на македонската и на грчката делегација. Македонската делегација ја предводи претседателот на Владата Никола Груевски, а во неа е и министерот за надвошрени работи Никола Попоски.
Нема потврдени средби ниту со посредникот во разговорите, Метју Нимиц, за кого се знае само дека утре ќе се сретне со евро-комесарот задолжен за проширување Штефан Филе