Срепемете околу 5.000 евра: ТОП3 најскапи телевизори во Македонија

За оние со подлабок џеб, салоните за електронска опрема и бела техника секогаш имаат посебно катче каде што ќе видите телевизори, за кои, може да се каже дека и немате дома слободен ѕид. Ние разгледувавме во интернет понудата на најпопуларните салони за бела техника и електронска опрема во Македонија.

Најскапиот телевизор во Македонија е од моделот гамата на LG. Моделот со 65 инчен OLED монитор и 4К резолуција во салоните за ваква опрема може да се купи за цена од 299.999 денари што според она што стои на веб сајтот е намалена цена за 100.000 денари.

100.000 денари поевтин е 65 инчниот телевизор на Сони кој исто така има OLED монитор и 4К резолуција заедно со Андроид оперативен систем.

Најголемиот во оваа понуда но не и најскап е моделот на Самсунг со 75 инчана дијагонала на екранот и се разбира 4К резолуција. Во салоните низ Македонија се продава за цена од 179.999 денари, што е некаде околу 3.000 евра. Иако е поголем, тој е поевтин бидејќи не има обична LED технологија, што е далеку поевтина варијанта од новата QLED на Самсунг.

 

 

 

 

 

29.10.2018 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега