Нова пратеничка група: Канческа Милевска ќе ги води исклучените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието
Елизабета Канческа Милевска ќе ја води пратеничката група составена од пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ. Покрај седуммината од ВМРО-ДПМНЕ во пратнеичката група ќе биде и пратеничката од СПМ, Владанка Авировиќ.
Пратеничката група ќе дејствува по името „Независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија“.
Панчо Минов не е дел од оваа пратеничка група иако најави заминување од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
29.10.2018 - 11:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа