Крвав инцидент во Скопје - скопјани претепани со безбол палки

Утрово 45 минути по полноќ на булеварот „Гоце Делчев“ бб во Скопје, под надвозникот спроти Музејот на Холокаустот, Ј.Ж., С.Ж. и Ј.А. движејќи се со своето возило “Опел Астра“ со скопски регистерски ознаки, биле пресретнати од друго возило марка “Шкода Октавија“ со битолски регистерски ознаки, од ккаде излегле 7 машки лица, кои ги нападнале.

Битолчаните со безбол палки почнале да удираат по возилото, а потоа физички ги нападнале и скопјаните нанесувајќи им телесни повреди во пределот на главата и телото.

Според скопјаните, причина за настанување на инцидентот било претходно недоразбирање во сообраќајот.

 Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

22.09.2013 - 13:58
Фото: 
Денешен

најчитано сега