Ѓорчев во Виена: Засилена соработка Австриската народна партија од ЕПП и ИРИ

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во рамките на европскиот политички самит на ИРИ, оствари поголем број на билатерални средби, меѓу кои со Дитмар Халпер, директор на политичката академија на Австриската народна  партија, кој е дел од Австриската народна партија (ЕПП). На средбата Ѓорчев се заблагодари за поканата за учество на самитот и можноста да се споделат искуствата помеѓу двете сестрински партии, а ваквата соработка и размена на искуства ќе продолжи во наредниот период.

Воедно, Ѓорчев се сретна со Роменд Пелфер, политички директор на Австриската народна партија. На средбата стана збор за билатералната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Австриската народна партија, која оствари големи успеси под раководство на актуелниот партиски лидер Себастијан Курц, кој е актуелен канцелар на Австрија.

Иан Картер, политички директор на Конзервативната партија од Велика Британија. На средбата тој стана збор за долгогодишната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија, која што трае 25 години. Ѓорчев го запозна соговорникот со најновите политички случувања во Македонија, а Картер се осврна на меѓународната соработка и иницијативи на Конзервативната партија.

Во текот на вчерашниот ден, Ѓорчев оствари средба со програмскиот директор на ИРИ  за Европа, Тиболт Мезгре. На европскиот самит на ИРИ учествуваат претставници на партиите и експерти од САД, Велика Британија, Франција, Полска, Чешка, Романија, Словенија, Австрија и други земји.

 

 

 

 

26.10.2018 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега