Два автомобила се искршија на патот Градско-Прилеп - едно лице го загуби животот

Вчеравечер околу 20 часот се случила страотна сообраќајна несреќа на патот Градско-Прилеп.

До несреќата дошло кога автомобил “Фиат Добло“ со битолски регистерски ознаки, управуван од страна на 36-годишниот З.М. се удрил со автомобил “Тојота Авенсис“ со штипски регистерски ознаки, управуван од 54-годишниот В.Л. од Виница.

За жал. поради сериозноста на здобиените повреди, при незгодата животот го загубил 56-годишниот сопатник од автомобилот Тојота Авенсис, В.Г. додека со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот Фиат Дабло.

Полицијата изврши увид на местото на настанот.

22.09.2013 - 13:26

најчитано сега