Пешевски во Охрид на советувањето на Македонскиот комитет за големи електрични системи
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, истакна дека еколкуте теми на кои ќе се дискутира во рамките на осмото советување на Македонскиот комитет за големи електрични системи, особено сесијата за берзите на електрична енергија, се важни за Владата бидејќи претстојната либерализација на пазарот ќе придонесе за поквалитетен и поевтин пристап на индустриските потрошувачи но и домаќинствата до електрична енергија.
- Владата има големи инвестициони планови и проекти во оваа област. Сето она што го шправат МЕПСО и ЕЛЕМ спаѓа во дел на она што значи директна поддршка од Владата, но и креирањето соодветна регулатива и создавање услови за приватните инвеститори во делот на обновливите извори на електрична енергија, како и во најавите за некои поголеми инвестиции во областа на енергетиката каде ќе биде отворен и пазарот за приватниот капитал, сето во насока на обезбедување квалитетна електрична енергија за потрошувачите и енергетска независност на Републка Македонија, истакна Пешевски.
Тој нагласи дека самата методологија на утврдувањето на цената на електричната енергија во рамки на посточекиот систем е надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, но токму преку формирањето ефикасни пазари за електрична енергија со моделот со берза може да придонесе електричната енергија да се набавува по пониски цени што во идината би значело или помали покачувања на цената на електрилмната енергија, а во услови на глобално намалување на цената на електричмата енергија, како што беше минатата година, може да дојде и до нејзино поевтинување.
- Не би прејудицирал однапред во која насока ќе се движи цената. Доколку се следат европските трендови може да се очекува цената на електричната енергија во иднина генерално да расте. Токму затоа овие чекори што ги презема Владата со во насока да придонесат тој притосок да биде што помал, нагласи Пешевски.
На ова осмо советување што се одржува во Охрид ќе бидат презентирани повеќе од 120 научни трудови, а ќе бидат спроведени и технички презентации на искористувањето на обновливите извори на електрична енергија, развојни програми на компаниите и и најновите технички решенија што ги нудат производителите на опрема.