Фатени седуммина дилери на дрога
Единицата за недозволена трговија со дрога, оружје и акцизна стока поднесе кривични за седум лица за недозволена трговија со дрога.
Во првиот случај, соопшти денеска МВР, поднесена е кривична пријава против 37-годишниот С.И. од Скопје кој долго време продавал хероин. На 13. овој месец година извршен е претрес во домот на девојката на неговиот брат, неодамна исто така кривично пријавени за истото кривично дело, каде што И.С. привремено престојувал на улицата „Сава Ковачевиќ“. При тоа пријавениот е затекнат во дневната соба каде што е пронајден прибор за пакување наркотичната дрога, дигитална вага, картица од Бум ТВ и една визит картичка со остатоци од наркотична дрога хероин. При претресот на бањата пронајдена е една кеса со хероин сокриена во просторот за сифон од туш кадата.
Во вториот случај се работи за 23-годишниот Д.М. и 20-годишниот Д.М. од Скопје кај кои се најдени 14 паковки и 2 рачно изработени цигари со марихуана и седум таблети екстази.
Обезбедени се пет лица, стои во соопштението од МВР, од кои се одземени 4 паковки и 2 рачно изработени цигари со марихуана во вкупна маса од 5,09 грама, за кои во извршените разговори лицата појаснија дека ги купиле од едниот од двајцата браќа по цена од 300 денари за една паковка, а купопродажбата се случувала најчесто пред и во околината на нивниот дом.
При извршениот претрес во нивниот дом пронајдена една метална кутија од „Џек Даниелс“ во која имало 10 паковки со марихуана и седум таблети екстази по што Д.М е приведен во СВР Скопје - ЕНТДО.
Во третиот случај кривични пријави се поднесени против лицата Е.М. (29) и П.Ш.(30) двајцата од Скопје кои по претходен договор со лице со прекар „Аљко“, се сретнале со него во населба Гази Баба во непосредна близина на „Светлост“ и за сума од 2.000 денари купиле марихуана. Така набавената наркотична дрога пријавените ја однеле во својот дом, каде ја препакувале во помали количини со намера да ја препродадат.