Владата продолжува да инвестира во младите генерации - 10.000 ученици ќе добијат социјална парична помош

 

Една од програмите кои ги реализира македонската Влада е „Условен паричен надоместок“ која е наменета за ученици коишто се на средношколска возраст и се членови на семејства кои примаат социјална помош.

-Целта на оваа програма е инвестирање во младите генарации, при што ќе придонесе кон подобрување за напредокот и развојот на секое дете. Програмата обезбедува дополнителни парични срдства кои на учениците од најсиромашните домаќинства ќе им помогнат редовно да одат на училиште, со што ќе се осигура дека овие деца ќе го завршат средното образование, истакна денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Како што информираше Спасов, годинава е предвидено  околу 10.000 ученици да го остварат ова право, а за тоа се предвидени 120 милиони денари.

-За да се аплицира за Условен паричен надоместок потребно е во меснонадлежниот центар за социјална работа да се поднесе барање и кон барањето да се приложи потврда за редовен ученик од училиштето каде што учи ученикот. Со цел корисникот на условен паричен надометок да има можност да ги добие сите четири исплати кои се предвидени за една учебна година, барањето мора да го поднесе во меснонадлежниот центар за социјална работа најдоцна до 30-ти Септември.  Доколку апликантот поднесе барање по овој датум ќе има можност да се вклучи во програмата од наредното училишно тримесечје по тримесечјето во кое го поднел барањето, објасни министерот за труд и социјала.

Ова е веќе четврта година како се спроведува и имплементира оваа програма. 

22.09.2013 - 12:09
Фото: 
Денешен

најчитано сега