Николовски: Ја честитам новата криминална коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Мијалков
Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО ДПМНЕ и силна соработка со Заев и организирање на група за притисоци и поткуп на пратениците, ЦК го разреши Митко Јанчев на тајно гласање и тоа едногласно. Разрешен е и Константин Богданов, а ги задолживме општинските комитети да поведат дисциплинска постапка и да ги исклучат од членство Сашо Мијалков и Никола Тодоров заради истите причини.
Ова вечерва го изјави Александар Николовски по седницата на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
ЦК побара осумтте пратеници веднаш да поднесат оставка од своите позиции.
Сакаме да ја честитаме новата криминална коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков“-рече Александар Николовски по завршување на седницата на Централниот комитет на на ВМРО ДПМНЕ според кој вечерва имале историска седница.
Мицкоски ја има поддршката да ја води партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа