ФОТО: Грчкиот рапер умира во рацете на својата сакана - ова е фотографијата која ја потресе грчката јавност

Ова е фотографијата која ја потресе јавноста во Грција. На фотографијата се гледа раперот Павлос Фисас кој беше убиен од страна на неонационалист, како умира во рацете на својата сакана.

Очевидец за весникот Прото Тема го опишал шокантниот момент: - Тоа беше неонацистот Рупакиас, кој што го прободе. Потоа ја видов неговата девојка која се бореше со рацете да ги затвори неговите рани, од крвта која течеше на сите страни, рекол изворот.

22.09.2013 - 11:37