Лекарите во Хрватска продолжуваат да штрајкуваат

Штрајкот на лекарите во Хрватска, кој почна минатата недела, продолжува, откако пропадна состанокот на синдикалните претставници со ресорниот министер Рајко Остојиќ.

Синдикалните претставници вчера побараа враќање на додатоците за прекувремени часови, дежурства и приправност, а сега и оставка на Остојиќ.

Иако тема на вчерашниот состанок требаше да биде новиот колективен договор, сепак најмногу се расправало за притисоците кои се вршат врз штрајкувачите, по што тие порачаа дека не се плашат.

- Нема политички да уредуваме стручни прашања. Сигурно штрајкот нема да биде запрен ако кој и да е шеф на одделение биде сменет, се додека министерот не поднесе оставка, изјави претседателот на Синдикатот на лекарите Ивица Бабиќ.

22.09.2013 - 11:36

најчитано сега