ВМРО-ДПМНЕ: Вчера беа погребани европските вредности во Македонија

Тоа што се случи вчера вечер во Собранието на Република Македонија беше срам каков што светот не видел. Зоран Заев и криминалниот картел на власт покажаа дека за нив ништо не значат демократските вредности и волјата на народот и дека оваа гарнитура на власт се архетип на корупција, уцени и закани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера беа погребани европските вредности во Македонија. Во страв да се соочи со почитување на волјата на народот СДСМ очајно посегнаа кон силување на институциите, државата и граѓаните, сведувајќи го Собранието на обичен пазар во кој достоинството на Македонија, нејзиниот идентитет и дигнитет го ставија на тезга како пиперки и домати. Заев докажа пред целата јавност дека нема никаков демократски капацитет и за тоа ќе биде казнет од сопствениот народ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека македонскиот народ секогаш низ историјата знаел како да ги казни ваквите ситни трговци и лихвари, кои за грст пари ја газеле неговата волја и да ги фрли на буништето на својат анационална историја.

„Македонија ќе победи, затоа што секогаш победува правдата и вистината“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

20.10.2018 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега