Заев и Ципрас разговараа на телефон: Продолжуваме во посветеноста кон Преспанскиот договор

 

Превземањето на министерството за надворешни работи од страна на премиерот Ципрас после оставката на министерот Коѕијас е знак дека Грција најсериозно ќе продолжи со имплементација на договорот од Преспа, вели премиерот Заев кој телефонски разговарал со колегата Ципрас, пренесе 24вести.

И портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос вели дека двајцата премиери се согласиле за спроведување на договорот.

- „Со министерот за надворешни работи Коѕијас имавме интензивни месеци на комуникација, станавме вистински пријатели и во период од една година успеавме да направиме нешто кое во претходните 27 години се сметаше за невозможно -  ги приближивме нашите две земји и го склучивме историскиот договор од Преспа, вели тој.

 

 

 

18.10.2018 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега