Започна изградбата на колектор во Пехчево

Со финансиски средства од Бирото за рамноправен регионален развој на Источно планскиот регион и на Општината Пехчево започна изградбата на колектор кај селото Чифлик во Пехчево.

- Изградбата на колекторот во Чифлик е еден од неколкуте инфраструктурни проекти, што Општина Пехчево ги реализира во соработка со Источно планскиот регион. Нашето учество во финансиската конструкција е 15 пороценти и изнесува 882.143 денари, а вкупната инвестиција е вредна 5 милиони и 882 илјади денари, вели градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски.

Изведувањето на работите и е доверено на компанијата СД-Транс од Делчево.

Инаку, изградбата на колекторот во Чифлик целосно ќе биде завршена идната година.

22.09.2013 - 10:29
Фото: 
Факултети.мк

најчитано сега