Апсење на аеродромот во Скопје
Маж бил уапсен вчера на граничниот премин Аеродром во Скопје.
При пасошка контрола вчера во 05:40 часот, 58-годишниот Д.Р. од Гњилане, Косово, приложил српска патна исправа и грчка возачка дозвола. По извршени проверки било констатирано дека грчката возачка дозвола била фалсификувана. Д.Р. бил приведен и предаден на инспектор од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.
13.10.2018 - 12:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа