Сообраќајка во Скопје: Се удирале со безбол палки и пукале со пиштол
Сообраќајна несреќа се случила вчера во Скопје, по што дошло до вербална расправија и физичка пресметка меѓу возачите.
Според информации на МВР, вчера во околу 21.00 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила. Додека 51-годишниот С.М., 20-годишниот С.М. и 24-годишниот К.М., сите од Скопје, туркале до тротоарот од улицата патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на нивниот сосед 33-годишниот К.С. од Скопје, се судриле со патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Б.М. од Скопје, а сопатници биле две деца на возраст од 16 и 12 години.
По незгодата дошло до вербална расправија и физичка пресметка помеѓу учесниците. Едно непознато лице, кое се вклучило во тепачката, со безбол палка го удрило Б.М. во главата. Б.М. бил однесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а С.М., К.М. и С.М. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување. Исто така, било пријавено дека до пристигнување на полициските службеници некое од лицата извадило пиштол и испукало неколку куршуми, но при преглед на затекнатите лица и возила не било пронајдено оружје, чаури ниту оштетени предмети. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа