Доаѓа мега земјотрес: После серијата потреси, нова катастрофа се очекува денеска
Експертите предупредуваат дека планетата денеска може да ја потресе разорен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтерова скала.
Франк Хогербитс, истражувач на земјотреси на својот сајт го образложил поклопувањето на планетата меѓу 12. и 15. октомври кое може да предизвика земјотреси од 12. до 17. октомври, но дека најверојатно ќе се случи на 12. октомври.
Папауа Нова Гвинеја и Бали денеска утринава беа погодени од страшни земјотреси, после што се очекува и цунами.
Потрес со јачина од 7 степени според Рихтерова скала ја погоди Пауа Нова Гвинеја, после што следуваа два мали потреси од 5,7 и 5,5 степени по Рихтер.
Само еден час подоцна следуваше и уште еден со јачина о 6,3 степени.
Нешто послаб земјотрес го удри Бали, но изостана очекуваното цунами.
Во земјотрес кој во саботата го погоди Хаити, загинаа 10 лица, а минатиот месец од земјотрес со јачина од 7,5 степени кој предизвика цунами загинаа 2.000 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа