Три хороскопски знаци само еднаш ќе се заљубат во животот - колку пати ќе доживеат голема љубов?
Хороскопот влијае врз начинот на кој ги доживувате емоциите и начинот на кој ги одбирате вашите партнери. Дознајте колку пати во животот вистински ќе се вљубите, според вашиот хороскопски знак…
Овен
Вие ќе се вљубите три пати во животот. Припадниците на овој знак се скептични кога е љубовта во прашање. Генерално можат да сакаат три пати во животот. Честопати, тие воопшто не го сметаат поранешниот партнер и од љубопитност наоѓаат нови љубови.
Бик
Бикот е знак кој може вистински да се вљуби само еднаш. Кога Бикот ќе засака некого, подготвен е да го помине целиот живот со таа личност.
Близнаци
Близнаците имаат три љубови во животот. Припадниците на овој знак имаат тенденција да бараат апсолутна љубов до крајот на нивниот живот, без оглед на нивната моментална емоционална состојба. Најчесто, три пати ја наоѓаат љубовта, а Близнаците секој пат мислат дека ја нашле вистинската личност.
Рак
Раковите можат да паднат два пати во мрежата на љубовта. Доколку се разочарани од својата прва љубов, им треба долг период за да најдат нов партнер, но кога конечно ќе го најдат, даваат сè од себе за да го задржат.
Лав
Лавовите постојано се вљубуваат. Тие и’ се посветени на секоја нова љубов. Лавовите се освојувачи и не се плашат од емоционалниот влог во новата врска, дури и ако постои опасност да бидат изневерени или повредени.
Девица
Девиците можат да сакаат само два пати во животот. Тие се многу недоверливи и скептични кога се работи за љубовта. Љубат најмногу два пати во животот, бидејќи тешко им е да му дозволат некому целосно да го окупира нивниот свет.
Вага
Вагата е вториот знак покрај Лавот кој навистина може да го сака секој нов партнер. Дури и да тагуваат, Вагите се секогаш подготвени да започнат нова врска и целосно да и’ се посветат.
Скорпија
Скорпиите вистински сакаат само еднаш. Припадниците на овој знак може да имаат многу врски и авантури, но само еднаш се вљубуваат вистински. За Скорпиите, врската не е само физичка, туку и длабоко емотивна, и овие мистериозни личности многу тешко градат нови врски.
Стрелец
Стрелците имаат четири љубови во својот живот. Стрелците се искусни во областа на љубовта и можат да сакаат четири пати во животот. Но за да останат со некого до самиот крај, мора да научат да прават компромиси.
Јарец
Јарците можат да сакаат два пати во животот, но со големи потешкотии, бидејќи не им е лесно да ги изразат своите емоции. Исто така, поради нивниот силен карактер, обично тие ги прекинуваат врските.
Водолија
Водолиите имаат три љубови во животот, вклучувајќи ги и љубовниците со кои ги изневеруваат своите партнери. Имаат тенденција да бараат идеален партнер кој ќе им биде најдобар пријател и љубовник.
Риби
Рибите можат вистински да сакаат само една личност во својот живот. Кога ќе ја запознаат сродната душа, го фрлаат сидрото и не пуштаат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа