И утре ќе му се радуваме на сонцето

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до 13, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

21.09.2013 - 15:31