ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ очајнички се обидува да го испере Заев од јавните набавки кои ги давал на свои блиски

 

СДСМ очајно се обидува да го испере Зоран Заев од одговорноста за добивањето на јавни набавки во Струмица на фирми на неговиот татко, чичко,  братучедка, стрина и кој ли уште не од неговото семејство.

Јавните набавки ги доделувале институции кои се директно одговорни пред Зоран Заев и директори кои лично тој ги назначувал.

Од СДСМ се обидуваат вината да ја префрлат на жртвените јагниња кои Зоран Заев ги назначил во Струмица да прават бизнис со фирмите од неговиот клан.Ако веќе парите на струмичаните завршуваат во џебовите на Заеви, редно е Зоран Заев да излезе и доблесно да го признае тоа.

 

Тој е единствениот кој што има морална и политичка одговорност во случаите кога неговите семејни фирми добиваат јавни набавки во Струмица.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

21.09.2013 - 15:14

најчитано сега