Најсилниот тајфун годинава му се приближува на Хонг Хонг
Најсилниот тајфун годинава Усаги мина низ заливот Лусон меѓу Филипините и Тајлад и сега се движи во правец на Хонг Конг.
Тој утрово беше проследен со ветар со брзина на 222 километри на час и со удари на ветер од над 260 километри на час.
Од тајванската метеоролошка служба соопштија дека Усаги оди во западен правец и оти најверојатно јужниот дел на земјата ќе бидат поштедени од силните налети на ветар.
Усаги на Филипините предизвика лизгање на земјиштето и прекин на електрознабдувањето во северните делови на земјата.
Сеуште нема извештај за жртви и повредени.
21.09.2013 - 15:12