Шилегов: Јанкуловска да не се крие зад институциите!

Не се стекнале МВР, Антикорупциска и УЈП со станови од 200 илјади евра, туку Вие лично. Тоа што ги ставате институциите во тешка ситуација без аргументи да ве бранат е друго. Вие објаснете, просто, со да или не:

 -       Имате или немате станови вредни 200 илјади евра со кои сте се стекнале по 5 години откако сте станале министерка? Еве го Вашиот анкетен лист. Вие сте ги пријавиле. ИМАТЕ. До 2006-та сте живееле во 50 метри квадратни.

 

-      

Кажете, каде и од кого може да се купат 2 стана од 214 метри квадратни, среде центар во Скопје, за 140 илјади евра, како што тврдите? Значи за помалку од 700-тини евра по квадрат? Бидејки во анкетниот лист НЕ СТЕ ГО НАВЕЛЕ основот на стекнување, просто е прашањето КАДЕ И ОД КОГО?

-      

Тврдите дека сте земале кредит од 100 илјади евра. Во Вашиот анкетен лист нема кредит од 100 илјади евра. Сте пријавиле кредит од само 14 илјади евра. А има двојно поголема сума на средства - ама на ЗАШТЕДИ! 24 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗАШТЕДИ ВО ДЕВИЗИ И ВО ДЕНАРИ! Или, 15 илјади евра повеќе од 2006-та, кога сте седнале во фотељата во МВР.

-      

Ајде и да имате кредит од 100 илјади евра. Како Ви успеа со плата од 60-тина илјади денари да земете толкав кредит, кога тоа ни на фирми не им успева. Месечна рата за таков кредит не би можела да е помала од 80-тина илјади денари. А вие во анкетниот лист за единствен приход сте навеле само плата.

Ете на ова одговорете госпоѓо Јанкулоска - како се стекнавте со станбен имот од 200 илјади евра за 5 години, при тоа ги намаливте кредитите за 11 илјади евра, а успејавте и да заштедите 15 илјади евра. Со административна плата.

 Немојте да се криете зад институциите, со коментири дека некој девалвирал институции. Прво, Вие не сте институција. Второ, ако некој девалвира институции, тоа сте Вие!

Интегрален текст од СДСМ.

21.09.2013 - 15:04

најчитано сега