УМС на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува осудата на убиството на музичарот во Грција

УМС на ВМРО-ДПМНЕ како младинско движење кое ги почитува демократските принципи и вредности и својата работа ја темели врз правото на слобода, почитување на различностите и слободата на изразување , начела кои се универзални и треба да бидат ползувани, особено од младите насекаде во светот, се придружува кон апелите на ЕУ, осудата од европарламентарците и згрозеноста на борците за човекови права, по повод бруталното убиство на млад човек, музички уметник кое се случи од фашистичките елементи и движења во Грција.

УМС како организација на млади, чија цел на постоење е демонстрирање и поттикнување на општествена одговорност се солидаризира со апелите на осуда на демократските движења во Европа и свесните елементи во грчкото општетство кое ваквиот чин го окарактеризираа за вандалско и недемократско потистнување на слободната волја и газење на слободата од страна на деструктивните елементи во грчкото општество.

Со право ЕУ и европарламентарците го окарактеризираа убиството на овој млад уметник како напад врз демократијата, нешто што нема да ја реши социјалната нееднаквост и економските предизвици. Ова е случај кој покажува нарушување на демократските начела, нешто што во моментот е предмет на дискусија и чин на демократска борба на високо свесните и демократски кругови од грчкото општетсво кои се мобилизираа и објавија борба против националистичките и фашистички испади.

Ние се приклучуваме на апелите и ја охрабруваме демократската левица и нејзините движења во грчкото општетсво, како и на демократските институции во Грција,  да се изборат за слободата и нејзините принципи кои се придобивка и темелни принципи на ЕУ и се значајни за регионот. Истовремено се приклучуваме на повиците на сите младински движења кои деновиве се огласија во Европа за содветна правна разрешница и поттикнување на дебата за ваквите радикални елементи кои мора да бидат отфрлени.

Ваквите настани во Грција создаваат оправдан страв во регионот  и сите демократски сили треба заеднички да се справуваат со ваквите феномени и предизвици.

Токму затоа, ги повикуваме и другите младински организации во Македонија да се приклучат кон оваа осуда и да ги поддржат демократските елементи во Грција.

Интегрален текст.

21.09.2013 - 14:34

најчитано сега