Ќе има свадба на векот-Ѓоковиќ реши да се жени!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата поубава половина Јелена Ристиќ после осум години забававуње решија да стапнат на лудиот камен.

Како што пренесуваат специјализираните тениски портали свадбата на векот би требало да биде организирана до крајот на 2014 година.

„Заедно сме веќе осум години и планираме заедничка иднина затоа што навистина многу се сакаме. Еден на друг си даваме емотивна стабилност, која ни помага во нашите кариери“, рекол Ѓоковиќ за “Tenis earth“.

Со зборовите на Новак се согласува и Јелена, која одвреме навреме ги прелистува магазините за венчаници.

„Зборуваме за венчавка, тоа е природен редослед на настаните. Нашите заеднички чувства не водат кон тоа, а еден ден кога ќе имаме деца, тие ќе наследат одлични гени од двете страни, затоа што и мојата мајка професионално се занимаваше со ракомет“, вели Јелена.

 

Останува само прашањето каде ќе се одржи свадбата. Дали тоа ќе биде во Монте Карло, каде моментално живеат или пак младиот пар венчавката ќе ја направат во родната Србија.

21.09.2013 - 14:23