Тетовчанец ја гушел со перница и ја тепал со кабел вереницата бидејќи играла игри на мобилен

33-годишниот  Х.Р. од Тетово заработи кривична пријава поради семејно насилство.

 Пријавениот во станот во кој вонбрачно  живеел со неговата 24-годишна вереница М.Х. од Скопје, започнал вербална расправија со неа бидејќи играла игри на мобилен телефон, која кулминирала кога физички ја нападнал.

Тетовчанецот и го грабнал телефонот од рака, потоа ја фатил за коса и ја влечел низ собите во станот својата вереница, а откако таа почнала силно да вика и бара помош, пријавениот ја фрлил на креветот и на лицето и ја ставил перницата со која ја стегал да не вика, а потоа земал кабел од мобилен телефон и почнал да ја удира по грбот со што и нанел телесни повреди  во вид на црвенило, модринки  и гребаници  по  грбот.

21.09.2013 - 14:02
Фото: 
А1.он

најчитано сега