Стомакот сам му произведува пиво-Еве што му се случува на овој Американец!

Во ургентниот центар во Тексас се појавил необичен случај на 61 годишен маж, кој се жалел на вртоглавица и главоболка.

Иако тој не се напил ниту капка алкохол тој ден, сепак во неговата крв биле измерени 0,37 отсто алкохол.

После 24 часа поминати во клиника, му биле измерени  0,12 отсто алкохол. Анализата  покажала дека во неговиот стомак се создавало пиво. Причина е што тој во домашни услови произведувал пиво, а пивскиот квасец од пивото кое го пиел, му останало во дебелото црево, кој полека се претворило во пивара.

 

Во 1970 година имало сличен случај во Јапонија, но докторите не успеале целосно да откријат за што се работи.

21.09.2013 - 14:06

најчитано сега