Директорот на МЖ Транспорт: Ќе го подигнеме квалитетот на железничкиот транспорт на високо европско ниво

Директорот на МЖ Транспорт, Оливер Дерковски, во интервју за Економски изјавува дека две инвестиции треба да го подигнат нивото на квалитет во железничкиот транспорт во Македонија.

-  Процесот за набавка на нови 150 товарни вагони е во претпоследна фаза. Имено на 10 септември 2013 година беше крајниот рок за поднесување на понуди од страна на заинтересираните производители на товарни вагони при што задоволителен број од осум компании поднесоа понуди. Сега следува процес на евалвација на понудите согласно критериумите наведени во тендерската документација и согласно правилата на ЕБОР по што ќе следува избирање на најповолен понудувач, потпишување на договор и да чекаме вагоните да бидат доставени. Овој дел од проектот е предвидено да чини околу 15 милиони евра и согласно анализите би требало да задоволи голем дел од потребите на домашните компании но исто така би се користеле и за превоз на стоки од регионов за ЕУ и обратно, изјавува Дерковски.

На прашањето како функционира МЖ Транспорт со оглед на кризата, Дрековски одговара: - Функционирањето на МЖ Транспорт АД во услови на криза како и кај сите други железници во Европа е релативно тешко со оглед на тоа дека железницата како систем е директно поврзана со економските текови, односно во случајов колку повеќе европската и регионалната економија е во пораст толку повеќе се зголемува железничкиот превоз, со други зборови зависноста на железничкиот превоз во однос на економската активност на економиите во ЕУ и регионот е право-пропорционална. За надминување на проблемите кои се јавуваат од недостатокот на превоз но и од честите блокади и штрајкови кај нашиот јужен сосед МЖ Транспорт АД презема низа на мерки на штедење и намалување на непродуктивните трошоци особено во делот на потрошувачка на енергенси но и максимално ангажирање сопствените ресурси во процесот на реновирање и одржување на возните средства.

Директорот на МЖ Транспорт најавува дека во земјава ќе пристигнат нови вагони со кои ќе се олесни функционирањето.

- Во рамките на проектот со ЕБОР исто така планирана е набавка на четири нови дизел моторни гарнитури (ДМГ) и 2 нови електро – моторни гарнитури. Дво – степениот тендер за овие гарнитури е веќе објавен, петнаесет заинтересирани компании веќе имаат подигнато тендерска документација и на 16 октомври 2013 година се очекува заинтересираните компании да поднесат понуди кога е и рокот за првата фаза, по што следува евалвација на техничките понуди по што компаниите кои ги исполниле условите од тендерот ќе бидат поканети да поднесат финални технички и финансиски понуди најдоцна до 11 декември 2013 по што следува избор на најповолната понуда и потпишување на договор, од кога за една година би требало да пристигне и првиот воз.

На прашањто постои ли размилсување да се корегира цената на билетите, директорот одговара: - Нашите планови се цената на билетите да остане иста а само нивото на услуга да биде на повисоко ниво. Со тоа очекуваме само зголемување на бројот на патници што заедно со намалените трошоци за енергенси и одржувањето на новите возни средства би дале позитивни резултати.

Исто така, Оливер Дерковски околу најавата на Грците да го вратат возот Солун –Скопје, вели дека барање за повторно воспоставување на возот кон и од Солун од страна на јужниот сосед се уште немаат добиено.

Целото интервју прочитајте го на Економски.мк

21.09.2013 - 13:03
Фото: 
економски.мк